
Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот во текот на денешниот ден ќе имаме повремени најпрвин локални врнежи од дожд, додека во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре (петок 17 октомври) врнежите повремено ќе бидат пообилни и ќе се прошират во најголем дел од нашата Македонија. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри дожд на метар квадратен). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и особено долж Повардарието тој ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
Поради падот на температурите и продорот на поладен воздух од североисток во нашата Македонија, на највисоките планински врвови (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес и утре (петок 17 октомври) ќе се искачува до околу 13 степени.