
Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирале дека во болницата во Кочани ума услови за лекување на повредените пациенти, посебно на оние со изгореници од прв и втор степен но недостасува кадар, па затоа тим од Скопје ќе биде на располагање во Кочани. Директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, повика повредените пациенти на преврски да одат во кочанската болница.
„Наша цел е пациентите со помал степен на изгореници да ги префрлиме, да не доаѓаат на два – три дена во Скопје туку да може таму да доаѓаат на преврски. Во моментот пациентите од првиот и вториот пик се релативно стабилни и добри, без некои големи инфекции. Оние што се кај нас можам да кажам дека се веќе и целосно зараснати, зборувам за оние кои имаа изгореници од втор степен“, рече директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Таа апелираше повредените да не веруваат на се што ќе им излезе на социјалните мрежи во врска со лекувањето на изгорениците.
„Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се, дали се стерилни или не. Апелирам, преврските да ги прават со тимот лекари кои ќе дојдат во Кочани во стерилни услови за да можеме инфекциите да ги сведеме на минимум“, апелираше директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Во лекувањето изгореници, директорката предупреди дека инфекции може да се појават во секоја фаза од зараснувањето поради што можат да се внимава на стерилни лекови и стерилни услови за преврски.