Skip to main content
Свет

Повредени во пожар во Санкт Петербург

10/12/2025  20:07

Голем пожар избувна на пазарот Правобережни во Невскиот округ во Санкт Петербург. Огнот го зафати целиот пазарен комплекс. Пламените јазици брзо се прошириле по целата должина на објектот, придружени со густ столб црн чад.

На терен се распоредени шест противпожарни возила и триесет пожарникари.

Според сведоштва,пожарот започнал на вториот кат, по што просторот брзо се исполнол со густ чад и луѓето во паника излегле надвор. Очевидци велат дека се слушнале и неколку експлозии.

Општинското обвинителство ги истражува причините за несреќата. Медиумите пренесуваат дека две лица се повредени.