
На 12.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул.„Партизански одреди”, ул.„Ѓорче Петров” и ул.„Ацо Шопов” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје и патничко возило „крајслер”, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И.(35) од с.Бањане, скопско.
Во несреќата со телесни повреди се здобил В.И. и неговите сопатници А.С.(28) и 26-годишната И.Б., двајцата од Скопје (сите полициски службеници), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.