Skip to main content
Македонија

Повредени од трагедијата во Кочани се пренесуваат на лекување во Белград и Истанбул

16/03/2025  20:26

Денеска започна медицинската евакуација на повредените од трагичниот пожар во Кочани. Петнаесет пациенти се пренесуваат на лекување во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград – три со итна медицинска помош и 12 со авион.

Од ВМА во Скопје останува тим од шест лекари и медицински сестри за дополнителна поддршка. Во исто време, наскоро ќе полета и авион за Турција, кој ќе транспортира шест пациенти од ГОБ „8 Септември“.

„Сите повредени ќе бидат згрижени најдобро што можеме!“, објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.