
Педесет и седумгодишен скопјанец е повреден додека извршувал работни задачи во приватна фирма во селото Визбегово, скопско. Настанот бил пријавен од приватна болница во Скопје, а на местото излегле полиција и трудов инспектор, соопшти МВР.
На 11.08.2025 околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.М.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во с.Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.