Skip to main content
Хроника

Повреден планинар спасен од Јабланица со хеликоптер – МВР и „Тигар“ во акција

09/06/2025  15:46


Денеска (09.06.2025), полициски службеници од Хеликоптерската единица при Министерството за внатрешни работи, заедно со специјалната единица САЕ „Тигар“, спроведоа успешна спасувачка акција на падините на планината Јабланица, во струшкиот регион.

По добиено барање за интервенција, екипата со хеликоптер се упатила кон прецизно утврдената локација каде што се наоѓало повредено лице. По пристигнувањето, лицето било брзо и безбедно евакуирано од тешко пристапниот терен и пренесено до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле“ во Охрид.

На аеродромот, повредениот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и транспортиран до соодветна здравствена установа за натамошно укажување на лекарска помош. Од МВР истакнаа дека координираната акција е доказ за подготвеноста и професионалноста на специјалните служби во справување со итни и животозагрозувачки ситуации.