
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на локалниот пат во с. Долна Бањица, се случила сообраќајна незгода.
Патничко возило удрило во 34-годишниот М.С. од с.Долна Бањица, по што возачот заедно со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница во Гостивар.