Skip to main content
Македонија

Повик на единство, па напади кон опозицијата во празничното обраќање на Мицкоски

24/05/2025  16:15

Во катедралната црвка Света Софија во Охрид, денеска на одбележувањетро на Денот на Светите Кирил и Методиј, свое обраќање имаше премиерот Христијан Мицкоски.

„Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. Денес го празнуваме нивното дело, делото на нашите првоучители, светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитност. Вредноста што тие ни ја оставија и еве повеќе од еден милениум е нашиот светилник низ сите бури, низ сите предизвици и животни стрмнини кои ги искачуваме“ рече тој.

Мицкоски во своето обраќање посочи на потреба од единство, додавајќи дека како „не сме премногу да се двоиме, и не сме пресилни за да се разединуваме“.

„Сакам да се осврнам на две теми кои се суштествено важни за нашето постоење. Првата се надворешните напади, блокади и негирања со кои еве повеќе од 30 години како држава се соочуваме. Тие се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење. Најпрвин нашето знаме, народ, химна, јазик, култура. Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни, рече тој.

Неколку минути подоцна, Мицкоски ја нападна опозицијата за „поставување на внатредржавни сопки“

„Замислете позиција каде ќе бидеме единствени, едногласни за најважните прашања, нешто што реално не се случило овие 30 години. Замислете позиција каде нема да се делиме пред надворешните фактори, нема да паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвни зрнца, каде ќе ги искористуваме сите шанси кои ни ги дава историјата за приклучок кон големите процеси на европско и светско ниво. Замислете позиција каде власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и неподдршка од народот нема да ја надопоолнува преку попусливост пред меѓународниот фактор. Притоа морам да кажам дека судбината и шансата на малите народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме. И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата“ порача премиерот.