Skip to main content
Скопје

Повеќе скопски улици утре ќе останат без вода

01/04/2025  14:08

Од скопски Водовод известуваат дека утре (среда) поради дефект на приклучна Ф-1цол на ул.Копенхагенска раскрсница со Стокхолмска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул: Копенхагенска, Стокхолмска, Софиска, Његошева, Гаврил Лесновски, Петар Драганов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до санирање на дефектот.