Skip to main content
Свет

Повеќе од сто илјади луѓе евакуирани поради поплави во северозападниот дел на Мароко

04/02/2026  19:22

Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани.

Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата низ целиот северозападен дел на земјата се под вода.

Официјалните податоци покажуваат дека количината на врнежи од дожд во Мароко е за 215 проценти поголема од минатата година и за 54 проценти над повеќегодишниот просек.