Skip to main content
Свет

Повеќе од 400 луѓе загинаа во израелските напади врз Иран

21/06/2025  18:47

Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 3.056 се повредени во Иран од почетокот на израелските напади, соопшти денес портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур.

Керманпур изјави дека педесет и четири од загинатите се жени и деца, а пет здравствени работници, и додаде дека „повеќето од жртвите и повредените се цивили“, објави Би-Би-Си.

Ова е прв официјален број на жртви објавен од 15 јуни, кога властите објавија 224 мртви и повеќе од 1.200 повредени.

Претходно, новинската агенција „Нур“ објави дека најмалку 430 лица се убиени, а 3.500 повредени во Иран во текот на изминатите девет дена.