Skip to main content
Скопје

Повеќе од 30 часа гори депонија кај Арачиново – загадено е цело Скопје

03/06/2025  11:18

Синоќа гореше депонија веднаш до Арачиново, информираше заменик директорот на „Македонски шуми“ Кире Михаилов.

– Апелирам до градоначалничката Данела Арсовска да со ТППЕ Скопје повеќе да се заангажираат околу гаснење на оваа депонија која гори непрекинато од вчера попладне, т.е. повеќе од 30 часа и го загади цело Скопје! Инаку, овој пожар е далеку од шумски појас и е надвор од ингеренциите на ЈП “Македонски Шуми”, но, доколку се појави потреба, ќе помогнеме и ние секако во санирањето, сподели тој вчера на неговиот фејсбук профил.

Смета дека денеска, општина Арачиново и градот Скопје ќе мораат да употребат механизација и поголема бројка пожарникари ако сакаат да се справат со оваа еколошка бомба која ќе почне да го труе Скопје и сите оние кои што овие денови циркулираат таму, а пред се граѓаните кои се постојани жители на Скопје!