Skip to main content
Свет

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура

28/12/2025  10:30

Повеќе од 2.000 летови се откажани или одложени денеска во североисточниот регион и регионот на Големите езера во САД, откако зимска бура од мраз и снег ја погоди областа за време на фрекфентниот период помеѓу Божиќ и Нова Година, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News).

До вчераутро, во Њујорк паднаа нешто помалку од три инчи снег – околу половина од тоа што го предвидоа некои прогнозери.

Од петокот досега во САД се откажани најмалку 2.700 летови, а илјадници други се одложени, според веб-страницата за следење на летови FlightAware.

Меѓународните аеродроми Њуарк Либерти, Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија уште во петокот на социјалните медиуми објавија за опасност од појава на снег, предупредувајќи дека времето може да предизвика нарушувања на распоредот на летовите.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за повеќе од половина од државата пред бурата и во телефонско интервју за Си-Би-Ес Њуз Њујорк изјави дека луѓето во регионот треба да ги одложат своите планови за патување.

Националната метеоролошка служба предупреди на опасни услови за патување од Големите езера низ северниот Средноатлантски регион и јужна Нова Англија, со можност за прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе од 13 милиони луѓе се опфатени со  предупредувањето, додека 7,7 милиони други очекуваат можна бура.

Најстроги предупредувања се на сила за делови од централна Пенсилванија, државата Њујорк и подалеку на север.