Skip to main content
Скопје

Поведена истрага за закани кон Арсовска

03/06/2025  12:59

Случајот со наводни закани упатени кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е под истрага на Секторот за внатрешни работи Скопје. Настанот се случил на 1 јуни 2025 година на булеварот „Словенија“, а осомничениот С.А. (39) од Скопје веќе бил повикан на службен разговор.

„На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.