Skip to main content
Македонија

Потпретседателот на Левица положи цвеќе по повод 80 години од победата над фашизмот

08/05/2025  18:04

Денес (8 мај 2025 г.) партиска делегација на Левица, предводена од потпретседателот Реџеп Исмаил Хактан, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на борците на анти-хитлеровата коалиција. На покана од Амбасадата на Руската федерација во Македонија, со овој настан се обележаа 80 години од големата победа над фашистичката оска. 

Со зборовите „над Европа ќе се вее знамето на мирот и слободата меѓу народите”, на 9 мај 1945 година, Советскиот сојуз ја објави капитулацијата на фашистичка Германија.

Македонскиот народ, рамо до рамо со другите угнетени народи, со голем број жртви и страдања, придонесе во макотрпната борба за ослободување од канџите на фашизмот, со што беше конституирана и македонската држава.  Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и непокорниот дух на нашите предци!

Слава на хероите кои животот го положија на правилната страна на историјата. Смрт на фашизмот – слобода на народот!