
Најмалку едно лице загина кога брод со околу 90 мигранти потона во близина на морската граница меѓу Малезија и Тајланд, соопшти денес малезиската полиција и наведе во соопштение дека трага по уште два исчезнати брода.
Бродот се превртел пред три дена, изјави за локалните медиуми началникот на полицијата на северната држава Кедах, Адзил Абу Сах, додавајќи дека двата исчезнати брода превезувале „сличен број патници“.
Досега се спасени десет лица, а спасувачката операција продолжува, изјавил тој.
Поморските власти на земјата соопштија дека несреќата најверојатно се случила кај островот Тарутао, северно од туристичкиот остров Лангкави.

