Skip to main content
Свет

Построги правила за рекламирање на социјалните мрежи ќе се воведат во Турција

25/11/2025  12:38

Построги правила за рекламирање на социјалните мрежи ќе се воведат во Турција.Турското министерство за трговија подготвува нова регулатива со која ќе се заостри надзорот врз рекламите што креаторите ги објавуваат на социјалните мрежи. Ќе се воведат построги правила за транспарентност, нови ограничувања поврзани со вештачката интелигенција и повеќе забрани.

Според Министерството, новата регулатива е создадена како одговор на растот на комерцијална содржина на социјалните мрежи и зголемениот број поплаки поврзани со присуството на лажни реклами.

Предлогот предвидува сите реклами во профилите на креаторите на содржина јасно да бидат означени како комерцијална содржина. За таа цел, тие ќе мора да користат барем една од следниве ознаки:
#Reklam (Реклама), #Sponsor (Спонзорство), #İşbirliği (Соработка), #Ortaklık (Партнерство), #Hediye (Подарок) или #Davet (Препорака).

Креаторите ќе бидат обврзани да го наведуваат името на производителот чии производи ги рекламираат. Новата регулатива предвидува и задолжително означување кога е користена вештачка интелигенција за измена или подобрување на изгледот на производите во рекламите. Реклами што би сугерирале дека лик генериран со вештачка интелигенција користел или препорачал одреден производ ќе бидат целосно забранети.

Целосни забрани за рекламирање ќе важат и за гатачи, медиуми, астролози, како и за секој вид игри на среќа и коцка. Забранета ќе биде и содржина што тврди дека одредени додатоци можат да ја заменат редовната храна или дека некој производ лекува болести.