Skip to main content
Магазин

Посни полнети пиперки

14/08/2025  21:42

Ако сте во потрага по вкусен и здрав оброк кој не содржи месо, овие посни полнети пиперки се вистинскиот избор. Идеални се како главно јадење за ручек или вечера, богати со зеленчук и ароми кои го будат апетитот. Подгответе ги за себе, за семејството или за посна трпеза – вкусот сигурно ќе ве изненади!

 
Потребни состојки (за 4 лица):

  • 8–9 широки пиперки за полнење
  • 500 грама излупен и крупно изрендан компир
  • 2 моркови, крупно изрендани
  • 3 чешниња лук, ситно изрендани
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • 1/3 врзопче магдонос, ситно сечкан
  • 2 рамни лажици сув зачин 
  • 1 поголем домат, излупен и изрендан
  • 1 рамна лажица лута/блага, толчена пипер
  • морска сол, по вкус
  • свежо мелен црн бибер, по вкус
  • маслиново масло 

Подготовка:
Измијте ги пиперките, отстранете ги дршките и семките. Оставете ги на страна.
Во тава на масло пропржете ги компирот, морковот, кромидот, лукот, магдоносот и изренданиот домат.
Додадете ги сувиот зачин, толчената пиперка, солта и биберот. Добро промешајте за да се соедини смесата и тргнете од оган. Со подготвената смеса наполнете ги пиперките.
Наредете ги во огноотпорен сад или тава, полевајќи ги одозгора со малку маслиново масло и 150 мл вода.
Покријте ги со фолија и печете ги во загреана рерна на 200°C околу 40–50 минути. Последните 10 минути отстранете ја фолијата за да се запече горниот дел.