Skip to main content
Хроника

Посмртните остани на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црква во Скопје

05/08/2025  14:17

На ден среда, б август, во 14 часот, во православниот храм “Св.Јован Крстител” во општина Аеродром кај мостот Близнаци на реката Вардар, изграден под ктиторство на семејството Чифлиганец, ќе бидат изложени посмртните останки на прерано починатиот ДУШко Чифлиганец.

Опело ќе отслужат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ — ОА, Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан.

Семејството Чифлиганец изразува огромна благодарност за изразеното сочувство од многубројни граѓани, пријатели, роднини и соработници од Македонија и надвор од границите на државата.

Душко доживеа тешка сообраќајна несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка во саботата на 2 август. Несреќата се случила за време на натпреварувањето, а тој со својот мотор паднал и здобил тешки повреди на кои, за жал, ден подоцна им подлегна во болница.