Skip to main content
Скопје

После свадба тапани: Стефковски носи мораториум за градби во Автокоманда каде веќе нема ни слободна парцела за градење

16/07/2025  15:14

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска информираше дека донел одлука за мораториум за градби во населбата Автокоманда.

На вчерашната седница на Советот на Општина Гази Баба, по моја иницијатива, беше донесена Одлука за начинот на применување на ДУП-овите во просторот на Градска четврт ССИ 09.

„Од денес стапува на сила мораториум на градби во Автокоманда! Со оваа Одлука: – Се прекинуваат сите постапки доставени преку системот е-дозволи за подготвителни работи и издавање решенија за градба; Одлуката се однесува на територијата опфатена со деталните урбанистички планови во оваа четврт; Не се однесува на барања за реконструкција или адаптација; Ќе важи во времетраење од една година од денот на нејзиното донесување“ пишува Стефковски на Фејсбук.

Но колку оваа одука на градоначалникот ќе има каков било ефект ако се знае дека на градската четврт што ја зборува веќе и нема слободна парцела каде би можело да се гради и истата е една од најгусто населените во општината.

Граѓаните на објавата на Стефковски револтирано коментираат дека оваа „мерка“ е без никаков ефект и дека штетата е веќе направена.

Имено, на тој потег изминатите години постојано се случувале надградби и доградби на веќе постоечките станбени згради.

„Уште 2-3 згради дали останаа и тоа имаат некој проблем затоа не биле досега доградени. Што фајде имаме од оваа одлука? Ни треба нови паркинг места и нова водоводна и канализациона инсталација. Темелна реконструкција на Лазар Поптрајков и да се забрани паркирање на зелените површини“ пишува еден граѓанин.

Други граѓани коментираат дека е доцна за таква одлука.

„Ова е одлука дека демек се грижиме“ „Сега се е за џабе се се изгради 90% од зградите се доградени, нема паркинг за домашните а камоли за гости, сегаа се е лук и вода! После Хаос ,џабе е се задоцнето е“ гласат дел од коментарите на граѓаните.