
По повеќе часови борба со огнот во Трубарево, Дирекцијата за заштита и спасување информира дека делот од пожарот кој зафаќа електронски отпад ќе се гаси со песок. Директорот Стојанче Ангелов појасни дека досегашното гаснење со вода не е ефикасно за овој дел од пожарот, бидејќи се работи за запалив материјал како електронски компоненти, дрвја, пластика и даски.
Ангелов истакна дека делот каде се наоѓа електронскиот отпад е изолиран и дека во секој момент се очекува пристигнување на голема количина песок за да се спречи дополнително ширење на огнот. Тој додаде дека останатите делови од пожарот продолжуваат да се гаснат со вода, но дека ситуацијата останува критична и дека граѓаните треба да се воздржуваат од престој на отворено и да ги следат упатствата на надлежните служби.“