
Пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб.
Поскапување на белиот леб се очекува од утре во пекарниците во Штип, Прилеп и Битола.
Граѓани велат дека сецканиот бел леб, веќе во одредени продажни места го купуваат по повисока цена.
Пекар од Штип за тв Телма вели дека лебот одамна не добил нова цена, а трошоците за производство се значително зголемени. Проблеми очекуваат сега и со новите глобални случувања и растот на цената на енергенсите.
Тој вели дека лебот што е сега со цена од 30 денари ќе поскапи за 3-5 денари.

