Skip to main content
Економија

Поскапува дизелот-Ова се новите цени на горивата

09/06/2025  13:25

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменети, додека ЕУРОДИЗЕЛ-от поскапува за 1 денар.

Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот исто така се зголемува за 0,6 денари, и ќе изнесува 38,5 денари.