Skip to main content
Економија

Поскапеа кафеаните

07/04/2026  15:15

Угостителските услуги стануваат сè поскапи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од 2026 година цените во овој сектор бележат пораст од 3.0 % во споредба со истиот период минатата година.

Само во март годинава, ценовникот во угостителството е повисок за 2.4 % во однос на март 2025-та, што потврдува дека трендот на поскапување продолжува и во оваа деловна година.

„Анализата по групи покажува дека најголем притисок врз паричниците има кај храната, каде само за еден месец е забележан раст од 0.2 %, додека кај пијалаците и ноќевањата цените засега мируваат“, велат од ДЗС.