Skip to main content
Економија

Поскапеа кафеаните

05/03/2026  15:31

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Статистичарите пресметаа дека во првите два месеци од 2026 година, цените во угостителството се повисоки за 3,3 проценти во однос на истиот период лани, што претставува дополнителен удар врз домашниот буџет на граѓаните.