
Од вчера, (први март) се зголеми малопродажната цена на дел од цигарите.
Дел од цигарите (оние произведени од Тутунски комбинат Скопје) како Вест, Бос, Родео, Жаде, Давидоф…во дел од марктетите веќе се продаваат по цена повисика за 10 денари, додека во оние маркети каде има поголема залиха, се очекува покачувањето да се случи претстојните денови.
Претходно, пред околу две недели поскапеа и производите со загреан тутун (попиларните IQOS) исто така за 10 денари.
Засега, нема информации дали и кога би поскапеле цигарит од останатите производители.
Зголемувањето на цената е дел од редовното усогласување на со акцизната политика на државата која предвидува постопенео покачување на акцизата до 2030 година, кога крајната цена на цигарите во Македонија треба да стане приближна со цените на цигарите во земјите од ЕУ.


