Skip to main content
Скопје

Поскапе водата за пиење во Скопје

02/10/2025  18:25

За околу 10 отсто поскапе водата за пиење во Скопје. Дел од граѓаните веќе добија фактури во кои се забележуваат нови износи. Според пресметките на надлежните, зголемување имало во сите три сегменти и кај водата за пиење, за прочистување на отпадни води и за собирање и одведување на урбани отпадни води. Па така, збирно зголемувањето е околу 10 проценти.

Овој пат одлуката за цената ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што објаснуваат од таму, во случај кога градскиот совет нема да го направи тоа во утврдениот рок, одлуката ја носи РКЕ. А, кога советите ќе си ја донесат цената претходно регулаторна им утврдува само највисока и најниска цена.

Од Водовод сè уште се чека одговор зошто советот не одлучувал. Од градскиот совет, пак, за Телма брифираат дека ваква точка од мај досега воопшто не била ставена на дневен ред. Одлуката за новите тарифи, пак, РКЕ ги донеле уште на крајот на август.

Целиот текст на Телма со клик ТУКА.