
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска попладне беше почувствуван во Србија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 14:43 часот по локално време.
Епицентарот бил регистриран на длабочина од 6 километри, на околу 64 километри јужно од Чачак и 14 километри северозападно од Соколовица.
Надлежните служби информираат дека засега нема пријави за повредени лица или материјална штета.