Skip to main content
Балкан

Посилен земјотрес го погоди Кипар вечерва

24/12/2024  21:06

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Кипар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар западно од градот Пафос или 88 километри западно од Лимасол.