
Посебен сообраќаен режим ќе има оваа недела во Скопје поради одржување на атлетска улична трка. 22 – март ќе биде со повеќе затворени и пренасочени улици.
Министерството за внатрешни работи информира дека трката ќе се одвива во периодот од 07:30 до 11:30 часот, а стартно-целната зона ќе биде поставена на булеварот „Јане Сандански“.
Со цел безбедно и непречено одвивање на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе привремени забрани и пренасочувања на сообраќајот долж трасата по која ќе се движат учесниците.
Трасата на движење ги опфаќа следните улици и булевари:
– Бул. „Јане Сандански“, од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со ул. „Владимир Комаров“
– Ул. „Васко Карангелевски“, од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „АСНОМ“
– Бул. „АСНОМ“, од крстосницата со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ до крстосницата со ул. „Васко Карангелевски“
Во наведениот период, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.
Од МВР апелираат до граѓаните, особено возачите, да покажат трпение и да ги почитуваат упатствата на полициските службеници на терен.


