Skip to main content
Скопје

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

24/05/2025  12:43

На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно”, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.