Skip to main content
Македонија

Портокалово предупредување: Попладневен виор од север ќе донесе заладување

15/05/2025  20:36

Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде портокалов и жолт аларм за целата територија за Македонија за обилен дожд

Според најавата, времето утре ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе дува засилен северен ветер, со брзина над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието.

Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура од 5 степени. Дневните температури значително ќе опаднат. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со 16 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде oблачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне повремено засилен ветер од северен правец.

Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег.

Дневните температури во следните денови ќе растат.