Skip to main content
Скопје

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

25/04/2025  07:50

По повод Националниот празник на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија и „Гоу грин“ Скопје денес во Скопје ја организираат втората портокалова велосипедска тура на платото пред „Ист гејт мол“.

Во склоп на Деновите на Холандија кои се случуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе има и натпреварување за најубаво украсен велосипед и игра на лов на богатство, како и холандски пазар на кој ќе се претстават многубројни холандски фирми.