Skip to main content
Македонија

Портали без новинари и импресум но со реклами на големи фирми како “Скопско”

24/07/2025  14:19

Додека професионалните медиуми се борат за опстанок, портали без импресум, без редакција и без оригинални текстови добиваат реклами од реномирани брендови како „Скопско“. Истражувањето на 4NEWS.mk открива пример на интернет-страница со непостоечка редакција, автоматски преводи со Google Translate и никакво присуство на новинари – но со активна банер реклама од голем корпоративен огласувач, објави 4NEWS.mk

На страницата нема ниту еден податок за сопствеништво, уредник, контакт, па дури ни политика на приватност. Наместо тоа, содржината е очигледно преведена од странски извори, без корекција, со јазични конструкции кои не одговараат на македонскиот јазик.

„Новинарство“ без новинари – но со реклами
Овој портал е само еден од многуте слични сајтови што никнуваат во последните години – медиуми на хартија, но не и по суштина. Не произведуваат авторска содржина, немаат вработени новинари. Па така денеска дознавме дека сопругот може да игра голман.

Сепак, некои од нив добиваат платени реклами преку маркетинг агенции, без притоа да исполнуваат какви било критериуми за кредибилитет или транспарентност.

Недостиг на критериуми, вишок на апсурди

Во прашањата што 4NEWS.mk ги испрати до маркетинг агенцијата „Universal Media Skopje“, се бараат одговори за критериумите врз основа на кои се делат реклами, но и дали се врши проверка на медиумите со кои тие соработуваат, објави 4NEWS.mk

Истовремено, јавноста нема увид во тоа колку средства се издвојуваат за овие „ghost“ медиуми, ниту кои се лицата зад нив. Резултатот е медиумски пазар со нарушени правила на конкуренција – каде што копипејст порталите добиваат буџети, а вистинските редакции тонат.

Целиот текст прочитајте го на 4News со клик ТУКА.