Skip to main content
Хроника

Пронајден починат маж во Велес

19/05/2025  17:06

Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал во овој град.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираат попладнево од СВР Велес.

Од таму појаснија дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне во 17:00 часот и увид бил извршен од нивна екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.