Skip to main content
Спорт

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

03/03/2026  21:36

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби попладнево во Баку од Азербејџан со 2-0 и со пораз ги почна квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Бразил од 24 јуни до 25 јули идната година.

Јафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан.

Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Избраничките на селекторот Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бараат на домашен терен против Андора, на 7. март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“.