Skip to main content
Македонија

Пораст на заболените од грип во државава

04/12/2025  16:23

114 заболени од грип во државава се регистрирани за само 6 дена. Според податоците на ИЈЗ, заболените се регистрирани во периодот од 24 до 30 ноември. Бројот на заболени е поголем за 25.3 отсто од минатат недела. Споредбено со 48. недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони ,се регистрира зголемување од 2,7 отсто.

Од ИЈЗ информираат дека заболените лица оваа недела се регистрирани во 11 ЦЈЗ/ПЕ, односно во Куманово – 49, Струмица – 16, Штип -11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – 6, Македонски брод – 5, Неготино – 3 и Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип заболувања слични на грипот изнесува 776, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирани зголемување од 25,9 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрирани на територија на Гостивар, a највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група што опфаќа најголем дел од населението – од 15 до 64 години 584 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.