Skip to main content
Свет

Поранешниот претседател на Исланд, Јоханесон работи како туристички водич

04/06/2025  11:38

Поранешниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон преку летото работи како водич во Националниот парк Тинвелир.

Јоханесон беше најмлад претседател во историјата на Исланд, а неговиот мандат беше од 2016 до 2024 година.

Тој изјави дека поголемиот број туристи не го препознаваат како поранешен шеф на држава.

Чест ми е да ја споделам историјата на ова место и Исланд. Повеќето посетители немаат поим кој сум јас, а тоа е едноставно прекрасно, посочи Јоханесон.

Јоханесон покрај летниот ангажман како туристички водич, и понатаму работи како историчар и има титулата доцент на Универзитетот во Исланд.