Skip to main content
Македонија

Пораки на поддршка за семејствата на загинатите во Кочани, оставени на Плоштадот во Скопје

16/09/2025  20:43

На Плоштадот во Скопје вечерва граѓаните оставија пораки со сочувство и поддршка за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Кочани, која се случи пред точно шест месеци.

Собирот беше дел од протест организиран во знак на сеќавање на жртвите, но и како потсетување на јавноста и институциите за трагедијата која го потресе целото општество. Граѓаните имаа можност да запишат лични мисли, пораки за охрабрување и солидарност, кои ќе бидат предадени на семејствата на настраданите.