
Денеска роднините на загинатите и повредените од дискотеката во Кочани, повторно излегоа на протестен марш „Марш на ангелите“ барајќи правда и одговорност.
Таткото на тапанарот на ДНК Ѓоко Ѓорѓиев кој загина во пожарот, се обрати пред јавноста велејќи дека е разочаран од односот на првите луѓе во државата, премиерот и претседателката.
„Нели ви е срам? Имате ли деца? Давкова не е мајка, таа е маќеа на државата“ порача тој.
На маршот се случија и мали тензии пред полициската зграда кога присутните негодуваа што некој од полициската станица ги снима.
Ова беше деветти протестен марш на граѓаните на Кочани и околните населени места.