Skip to main content
Македонија

Поради пожар повторно забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

21/08/2025  10:05

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Итензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП “Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.