Skip to main content
Македонија

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

01/02/2026  21:50

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, соопшти ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани.

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар и намалена видливост поради магла од 20-30 метри во околина на Крушево.

Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.