Skip to main content
Македонија

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

07/02/2026  08:32

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 60 м. на патниот правец Гевгелија – г.п.Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 м. и кај Маврово до 100 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.