Skip to main content
Македонија

Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка

18/02/2025  20:47

Поради магла намалена е видливоста до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Од ЈП „Македонијапат“ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.