Skip to main content
Македонија

Поради фронтална долина, во Македонија следува променливо и нестабилно време!

19/05/2025  10:26

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на плитка фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над територијата на југоисточна Европа, од денес (понеделник 19 мај) па се до (недела 25 мај) во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно и топло време, но без летни температури на воздухот и без некое големо затоплување на времето, како што доликува за втората половина на мај.

Локално, од пладневните часови ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра, од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не ја исклучувам можноста  и за локална појава на краткотрајно невреме.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период во попладневните часови повремено ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра, проследени со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност, но и услови за краткотрајно невреме во делови од Скопската котлина.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во Повардарието тие ќе надминат  и 25 степени. Како што веќе кажав, Африканските топли бранови кои требаше веќе да се започнати, ги оставаме на долго чекање, поради тоа што на повидок такво нешто нема, најмалку до 3 јуни.

На следниот линк можете д ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/