
ЈП Водовод и канализација – Скопје преку соопштение известува дека поради дефект на хидрант утре строгиот центар на градот ќе биде без вода.
„Поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80“ на ул. Максим Горски бб ( кај Мепсо) Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците : на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од Орце Николов . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности“, се вели во соопштението на водовод.