Skip to main content
Свет

Поради дефект на мрежата, речиси цело Порторико во мрак

31/12/2024  17:51

Околу 90 отсто од потрошувачите во Порторико денеска немаат струја поради дефект на електричната мрежа, соопшти компанијата за дистрибуција на енергија „Лума Енерџи“.

Сè уште не е познато што го предизвикало дефектот, но локалните медиуми известуваат дека ланчаниот прекин на енергијата започнал во провинцијата Гвајанила на јужниот брег на островот.

Портпаролот на компанијата изјави дека засега нема проценка кога може да се очекува враќање на електричната енергија.

Според официјалната веб-страница на компанијата, моментално функционира само една резервна постројка за производство на електрична енергија.