
Од 12:20 часот, сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино село, по кој се пренасочуваат ТМВ, е во целосен прекин поради безбедносни причини.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.