Skip to main content
Балкан

Поплави низ Србија, се урна и покрив – издадено предупредување за силно невреме!

06/05/2025  18:12

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде низа вонредни предупредувања за интензивни врнежи од дожд со грмотевици и град.

Поради силно невреме, покривот на зграда во самиот центар на Младеновац се урна и падна. Пожарникарите се на местото на настанот, а според неофицијални информации, нема повредени.

Како што може да се види на фотографиите и видеата, еден автомобил е оштетен поради паѓање на покривот од зградата. Делови од структурата се наоѓаат насекаде по патот.

Сцените не се помалку драматични и во другите делови на Србија.

Небото се отвори во Обреновац. Невреме во Велики Црљени собори дрво и го блокираше патот.

Ветерот корнеше гранки, собори далноводи, а најмалку еден автомобил е сериозно оштетен.